Совети за патување во Холандија

Проверете ја валидноста на пасошот (некои држави бараат пасошот да важи дури и 3-6 месеци по напуштањето на државата, а во одделни држави македонските граѓани можат да патуваат со важечка лична карта). 

Препорачуваме да се направат фотокопии од пасош / лична карта. Копијата ќе го олесни и забрза издавањето на патен лист во случај на загуба или кражба на пасош.

Проверете дали ви е потребна виза за земјата во која патувате.

Проверете кои валути се платежен инструмент, дали е можно плаќање со кредитна картичка и кој е минималниот износ на пари потребни за престој.

Почитувајте ги законите и обичаите на земјата во која патувате, истовремено почитувајќи ги локалните обичаи на облекување и однесување за време на вашиот престој. Имајте предвид дека во некои земји постојат закони кои предвидуваат долгорочна затворска казна и смртна казна за поседување на наркотици и други забранети супстанции.

Грижете се за себе и за вашата безбедност.

Кога влегувате на територијата на друга земја, може да има обврска за евидентирање на влез од страна на надлежните органи за спроведување на граничната контрола - во патната исправа се внесува влезен печат, со ознака на  граничниот премин и датумот на влез. Недостатокот на евидентирањето за влез може да резултира со високи парични казни и забрана за влез во поединечна земја.

Проверете ги информациите за безбедноста на воздушниот сообраќај тука и тука.


Одлуката за патување е ваш избор и вие сте одговорни за вашата лична безбедност во странство. Содржината овде е од информативен карактер. Советите за патувања се дадени  за да бидете во позиција да носите добро информирани одлуки во врска со вашето патување во странство.

Ако ви треба конзуларна помош додека сте во странство, ние ќе ги направиме сите напори да ви помогнеме. Сепак, можни се одредени фактори кои можат да не’ ограничат во давањето услуга.

Последно ажурирање: 31 март 2022
Информации за амбасадата
Laan van Meerdervoort 50 - C, 2517 AM Den Haag
++ 31 70 427 44 64